Компанијата “Тритекс” од Прилеп донира подарок пакетче за секое новороденче во прилепската болница “Борка Талески”.
За секое новороденче родено во болницата во тековната 2025 и наредната 2026 година, компанијата ќе подарува пакетче сопстевени производи.
Пакетчето се состои од бебешки пижами, бебешко боди со долг ракав, атлет бебешко боди и бебешко капче и ракавици.
“Спакувавме две уникатни бебешки пакетчиња. Eдно за машко, едно за женско новороденче и ги подаруваме на нашата болница, како симбол на нежност и грижа уште од првиот ден. Ова не е само донација, ова е прегратка што ја праќаме до сите нови родители и нивните бебенца.”, велат од оваа прилепска компанија.