Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, повеќечлена прилепска делегација предводена од страна на потпретседателот на Регионалната комора Сашко Самарџиоски и градоначалникот Марјан Ристески, беше во работна посета на збратимениот град Ваљево од Република Србија.
Во делегацијата покрај градоначалникот и потпретседателот на Регионалната комора кој е и генерален директор на „Прилепска Пиварница“, учествуваа и раководните лица на повеќе компании и институции од Прилеп како што се: месната индустрија „Марфил“, прехрамбената индустрија „Витаминка“, трговската фирма на алкохолни и безалкохолни пијалоци „Ники Комерц“, „Стопанска Банка Скопје“, „Водостопанство Прилеп“, „Кривогаштанипромет“ и „Општа болница“ од Прилеп.
Целта на работната посета беше, на покана од Регионалната стопанска комора од Ваљево и општината Ваљево да се продолжи досегашната соработка и по можност истата да се прошири во повеќе области како и посета на регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ во Ваљево. За време на дводневниот престој на делегацијата во Регионалната стопанска комора Ваљево имаше средба со раководството на комората, при што беше извршена презентација за колубарскиот регион.
Потоа делегацијата бела примена од страна на градоначалникот на Општина Ваљево г-динот Славко Терзиќ и неговите соработници кои изразија големо задоволство за наивната посета, при што обострано се разменија информации за економската и културната соработка на двете општини со заедничка желба истата да продолжи и понатаму.
Во продолжение на престојот беше посетена „Ваљевската пивара“ која е во државна сопственост и една од поуспешните пивари во Србија,при што се разменија доста информации меѓу директорот на Прилепската пивара и раководството на Ваљевската пивара.
Од страна на градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески беше поканета ваљевската пивара да учествива на фестивалот за пиво„Пиво фест 2016“ во Прилеп кој ќе се одржи во терминот од 14 – 17.07.2016 година.
Исто така беше посетен и регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија,Босна и Херцеговина и Република Српска.На саемот претежно учество имаа земено компании од прехрамбената, преработувачка индустрија, електроиндустријата и информатичка технологија, при што нашите компании остварија контакти за меѓусебна соработка.
Остварена беше посета на фабриката за вода „Вујиќ вода“ како и научно-истражувачкиот центар „Петница“ кој остави најдобар впечаток, бидеќи се работи за научно-истражувачки центар од европско значење каде учествуваат предавачи и учесници од цела Европа меѓу кои и голем број од Македонија. Центарот располага со врвни лаборатории од повеќе научни дисциплини како што се Физиката, Хемијата, Биологијата, Астрономијата и др. и библиотека која располага со богат фонд на книги, учебници и разни публикации од светски автори од областа на науката.
За време на работната посета во Ваљево остваривме и средба со раководството на Регионалната комора од Бања Лука кои изразија голема желба во месец Јуни 2016 година да ги посетиме при што предложија да се потпише Меморандум за заедничка соработка меѓу коморите како и побратимување на градовите Бања Лука и Прилеп.
Извор: Регионална комора Прилеп
http://www.mchamber.org.mk/(S(bddx3x55nj5dty45jkd3heee))/default.aspx?lId=1&mId=64&smId=12