Прилепската фаланга немилосрдна со “фенерџијата”

Eкипата на РК Прилеп со високи 21:32 триумфираше над Скопје, на гостувањето од осмата рунда во плеј-аут разигрувањето од Супер лигата.

Прилепчани уште во првото полувреме ги обезбедија трите бода со водство 7:14, а победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање ниту во вториот дел.

Најефикасни кај РК Прилеп беа Пеце Рајатовски со 7 погодоци, а го следеа Христи Бикоски и Томислав Квастек со по 6.

После осум одиграни кола Прилеп останува на делба на првото место на табелата со ист број бодови со Еурофарм Пелистер 2.

Во наредното коло во Прилеп гостува екипата на Голден Арт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.