Светски познатиот ТВ канал “Фешн ТВ”, деновиве во Кемер, Турција организира престижен избор за убавина, на кој учество зедоа и дел од манекенките на модното студио “Црнокрак”.
Meѓу убавиците кои ги предводи Мики Црнокрак е и прилепчанката Елена Петреска.
Атрактивната русокоса од Прилеп секогаш плени со својата убавина, а од нејзиниот престој во Кемер објави и фотографија од дружбата со Жан Клод Ван Дам, кој е специјален гостин и член на жири комисијата.
Погледнете:
Фотографии од дружбата со Ван Дам, објави и манекенката Кристина Поптрпева, на која манекенките и славниот актер се фотографирани во џакузи.
A можноста за дружење со холивудската ѕвезда не ја пропушти и Мики Црнокрак.