Иницијативата Јавен простор Прилеп претставува проба да се оживее централното градско јадро преку претставување и креирање на идејата дека јавниот простор треба да биде заедничко културно, рекреативно и социјално добро на сите граѓани, платформа за размена на идеи, мисли, искуства, предизвици, производи итн.
Јавен простор е јавна агора која инспирира и иницира креативност, иницијативност, одговорност, филатропија, волонтерство, инклузивност и сл.
Целта на оваа иницјатива е Јавен простор да прерасне во концепт по кој Прилеп ќе биде претпознатлив и повторно ќе ја изгради и врати позицијата на автентично и инспиративно место за живеење, дружење и творење.
Во саботата во организација на Јавен Простор беше организиран првиот од серијата градски концерти, кој беше насловен како “Ноќ на евергрини”.
Под Градскиот часовник за душата на голем број пристуни музицираа гитаристот Илија Чакароски и вокалот Добрила Грашеска, изведувајќи голем број познати евергрини од македонската музика и голем дел од публиката ја вратија 20,30… години назад во нивната младот.
Настанот предизвика воодушевување, а прекрасните звуци на познатите македонски хитови од минатото ја распеаа целата Стара чаршија.
Дека оваа иницијатива му е потребна на Прилеп се покажа преку нивниот прв настан, нешто што ветува дека за скоро време Прилеп и прилепчани ќе бидат сведоци на вистинска културна ренесанса.
Секоја чест!
Во продолжение уживајте во дел од атмосферата на настанот: