На 10.04.2025 во 20.45 часот на превојот Плетвар, на крстосница за с.Ореовец, прилепско, плициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина и од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(23) и Ј.А.(20), двајцата од Скопје.
При преглед во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуванно од Д.М., а сопатник бил Ј.А., биле пронајдени 75 килограми режан тутун за цигари запакуван во повеќе различни пакувања. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле задржани во Полициска станица Прилеп.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 279-б од Кривичниот законик – „избегнување на плаќање на акцизна стока“ – информираат од МВР.