Прилепската полиција во акција со републичката вчера поднесе 34 пријави за моторциклисти во Прилеп

Во заедничка акција на прилепската со републиската полиција, вчера се затекнати без заштитен шлем, 34 возачи на мотори, и против нив се поднесени соодветни пријави. Како што истакнуваат од Прилепската полиција, во иднина сите возачи на мотори, коишто ќе бидат затекнати без заштитен шлем, ќе бидат казнети согласно со законот.

„Безбедноста во патниот сообраќај е на прво место, особено кога станува збор за возачите на мотори. Затоа при вчерашната акција поднесени се 34 пријави против возачите на мотоцикли, без шлем“, информираат надлежните од Полициската станица во Прилеп.

Со цел превентивно да се делува, изутрината, на првиот првиот училиштен ден, полицајци го регулираа сообраќајот пред училиштата, обезбедувајќи безбеден пристап на сите ученици.

Од ПС Прилеп потенцираат дека безбедноста на патиштата, практикувањето повисоко ниво сообраќајна култура и поголема одговорност во сообраќајот, е од огромно значење за сите граѓани, а посебно за децата.

Извор: “Општина Прилеп”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.