Изминатите неколку денови, Претседателот на републичката комисија за спорт при УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Ристески е дел од семинарот насловен “Young leaders”, кој е организиран од ,,Robert Schuman Institute – Budapest’’ под мотото “Securiry and international relations”.
Станува збор за семинар кој што е организиран во три модули. Првиот и вториот модул се одржаа во Будимпешта, а третиот и последен модул моментално се одржува во Виена.
Илија Ристески е од Прилеп, тој е млад, амбициозен лик кој што се занимава со младинска политика, а вооедно е спортист кој ги негува и сака спортот и спортските навики.
Илија има голем рејтинг и углед помеѓу младината во оваа наша земја, а воедно е личност која што умее да ги обедини младите!