Денеска, Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп ги отвори ширум вратите и за учениците од основните училишта од градот.
Денес во голем број, училишниот простор беше исполнет со најљубопитни гости од основните училишта, кои имаа можност, најпрвин пречекани од директорката и професорите, да го запознаат училишниот простор преку прошетка низ училишната зграда, а со тоа да ги видат техничките и наставните ресурси со кои располага Гимназијата.
Низ прошетката ги водеа професорите кои ги запознаваа со наставните можности преку кабинетската настава, а пријатна музичка атмосфера со прекрасни интерпретации на различни композиции им создаваше гимназискиот бенд и ученичката Софија Настоска.
Исто така, од страна на професорите им беше презентирана наставната програма по подрачјата, со што им се објаснија и понудија добрите можности за избор на учениците.
Гимназијалците исто така учествуваа во пречекот и гостопримството на идните гимназијалци. Во една пријатна и добронамерна атмосфера, Гимназијата го реализираше својот отворен ден за учениците полуматуранти.
За крај Гимназијата им испрати јасна порака на сите деветтоодделенци, дека ако ја одберат Гимназијата за нивно средно училиште, станале дел од расадникот на таленти и идни интелектуалци!