Прилепската гимназија доби УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ

На ден 20 ноември, по повод Светскиот ден на детето во холот на гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп, се одржа промоција на ученикот правобранител, Софија Настоска и нејзините заменици, Георги Николоски, Петар Ангелески и Филип Николоски.

„Детството е симбол на безгрижност и слобода, а детето извор на светлина. Во светот на возрасните децата се инспирација за промени. Секое дете има право на детство во безгрижен свет, има право на детство кое ќе го памети по убавото во него”… беа некои од зборовите со кои што правобранителот го отвори овој настан.

Преку скромна програма правобранителот ни ја доближи својата улога и мотивација со која што ќе се води понатаму. Потоа учениците ги запознаа накратко присутните со правата на децата и нивните одговорности и потсетија кои се основните чувства кои треба да владеат во училишната заедница.

Програмата беше дополнета со две музички изведби на ученичките Миа Трајкоска и Кирана Иваноска, под менторство на професорката по музичка уметност Татјана Ивановска.

-Настанот заврши со една мала активност со која што учениците запишаа свои неостварени желби, кои одлучивме да ги зачуваме и прочитаме наредната година – стои во соопштението од прилепската гимназија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.