„Прилеп На Точак“ е неформална група граѓани, оформена во месец мај 2014 година, од граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство и се залагаат за подобар вело-град. Секоја последна среда во месецот, неформалната група „Прилеп На Точак“, вози по улиците на градот и се бори за признавање на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, промовираjќи го велосипедот како урбано, модерно и еколошко превозно средство. Исто така, го актуелизира прашањето за соодветна ифраструктура за непречено одвивање на вело-сообраќајот низ градот.
“Се започна со неколу твитови и постови на Facebook. Се направи првата патека по која ќе возиме (рута), луѓето заинтересирани се појавија во огромен број, имавме и поддршка од #НаТочак – Скопје, не подучуваја како треба да се зачепува т.е. да се затвораат улиците кога се преминува раскрсница и така. Евене 2 години подоцна со голем број учесници и поддржувачи на #ПрилепНаТочак. Продолжуваме понатаму”, изјавуваат организаторите, со препознатливиот точачарски поздрав, Ѕрн ѕрн.