Роберто Фирмино, напаѓачот на Ливерпул и Бразил како и многу други играчи кои потекнуваат од јужноамериканскиот свет пораснал во сиромашно семејство, во опасна средина и во една од најсиромашните средини во бразилскиот град Масеио.
Иако неговата мајка се спротивставувала на играњето фудбал, малиот Фирмино секојдневно лупал со топката и го трошел своето време на фудбалот.
На 16-годишна возраст потпишал со бразилскиот клуб Фигуиренсе, но тоа не било успех за младиот талент.
Во еден момент не можел повеќе да издржи и сакал да си дојде дома, но примањата кои ги имал тој и неговото семејство не го овозможувале тоа. Фирмино тешко ја покривал киријата и храната, па морал да остане во клубот за да заштеди и да може да го види своето семејство одново.
Во 2011 го привлекол вниманието на скаут од германскиот клуб Хофенхајм и дошол во Бундес лигата. Во 2015 потпиша за Ливерпул и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Фирмино беше повикан и во бразилската репрезентација, каде настапува за Бразил на Светското првенство во Русија и досега постигна еден погодок.