На ден 10.11.2015 год, во народната канцеларија на претседателот на државата Г-дин Ѓорге Иванов во Скопје беше одбележан ,,СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАУКАТА’’ под организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Младите техничари и природници од Македонија.
Учениците Давид Лазароски, Виктор Лазароски и Владимир Лазароски ученици од О.О.У,,Блаже Конески”-Прилеп, заедно со нивниот ментор Бранко Бабаноски – Наставник по Техничко образование, Андоноски Петар – наставник по Техничко образование , и секретарот на народна техника-Прилеп Димитар Мендизовски, присуствуваа на овој настан и ги презентираа проектите од роботика и автоматика пред претседателот на Р.Македонија Г-дин Д-р Ѓорѓе Иванов.