Во завршна фаза се градежните активности околу изградбата на 76 – те социјални станови во населбата „Точила“.Површината на која се протега објектот е 3.220 метри квадратни, и е наменет за самохрани мајки, социјални семејства, многудетни семејства и лица со посебни потреби. Средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Според градоначалникот Ристески, со реализацијата на овој проект кој наскоро и официјално ќе биде ставен во употреба се отвора можност што повеќе прилепчани да го решат своето станбеното прашање. Распределбата на становите ќе ја врши Министерството за транспорт и врски по електронски пат.
Ова е дел од владината програма за изградба на станови за социјално ранливите категории зашто интенција на Владата е секое семејство да има можност да дојде до покрив над главата.
[Best_Wordpress_Gallery id=”6″ gal_title=”Привршува изградбата на социјалните станови во „Точила“”]