Приведен крадец од Прилеп, крадел од автомобили

На 05.12.2023 во 00.00 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(41) од Прилеп.

Тој се сомничи дека извршил тешки кражби во возила и дека одзел различни предмети.

Украденото е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот против Е.А. ќе следува соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.