Приведен битолчанец за издржување затворска казна од 7 години и 11 месеци

На 01.07.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола.

За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“. Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.