Приведени 10 Кинези за илегален влез во Македонија на патот Битола-Демир Хисар

Десет државјани на Народна Република Кина беа приведени на регионалниот пат Битола–Демир Хисар, во близина на мостот на реката Шемница. Инцидентот се случи вчера (22 јануари) околу 18:40 часот, кога полициски службеници од СВР Битола реагираа поради сомнеж за нелегален влез во државата.

Лицата на возраст од 18 до 62 години, меѓу кои се З.К., Ф.У., З.У., З.М., Ј.Х., Х.Г., Д.К.К., В.Ј., Г.К. и Ч.М., веднаш беа лишени од слобода.

По целосното документирање на случајот, против приведените ќе следуваат кривични пријави според член 147 од Законот за странци, со што се очекува да се утврдат сите околности околу нивниот влез во земјата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.