Приведени тројца млади битолчани: Краделе инсталации на ЕВН

Вчера (16.11), полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години сите од Битола.

Имено, истите се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија-ХЕЦ Сапунчицаво с.Дихово.

Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ при што пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.