Приведени двајца поранешни и актуелниот во оставка градоначалник на Кочани

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, потврдуваат од МВР за Курир.

Од Обвиннителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Папазов е градоначалник во оставка, кој се повлече од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица.

Димитровски ја раководеше општината во период од 2009-2017 година, а негов наследник беше Илиев во период од 2017-2021 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.