Претставнички од Вешта жена на средба со градоначалникот Марјан Ристески

Градоначалникот Марјан Ристески денеска оствари средба со претседателката  и останатите членови на организацијата „Вешта жена“ од Прилеп. Причина за посетата е манифестацијата „Вешта жена“ кој ќе се случи во сабота 14-ти пат.

_MG_2172

„На наше големо задоволство денеска на посета се жените од НВО „Вешта жена“ од нашиот град кои претставуваат вистински бренд во оддржувањето на оваа манифестација. Оваа година се организира по 14-ти пат во хотелот Липа и сите жени кои се слободни би можеле да присуствуваат на овој убав настан“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

_MG_2161

Претседателката на „Вешта жена“, Милка Бошкоска  го покани градоначалникот на настанот што го организираат во сабота и се заблагодари за прекрасната соработка и поддршката што им ја дава општина Прилеп секогаш.

„На овогодинешната манифестација имаме подготвено пет прекрасни маси и една за Гранд при, а досега се пријавени околу 400-тини гости, што значи дека салата е преполна“.

_MG_2169

Масите изработени од рацете на вештите жени од Прилеп секогаш изобилуваат со многу уникатни декорации, ремек дела кои претставуваат вистинска кулинарска атракција.

_MG_2150




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.