Претставени новите засилувања во Победа, осум на број (Фото)

По завршувањето на контролниот меч со Воска во клупските простории на ФК Победа беа претставени 8-те засилувања ангажирани за пролетниот дел на првенството.

Црвено-белиот дрес повторно го задолжија голманот Дарко Тофилоски, кој доаѓа од Тиквеш, заедно со задниот везен Јорданчо Наумоски.

Во Победа се вратија и младите- напаѓачот Филип Димоски од Саса (1999-то годиште), играчот од средниот ред Марио Наумоски од Брегалница и штоперот Борче Сркески(родени 2000-та).

Штоперот Оливер Христов доаѓа од Кит-Го, најмлад е страничниот напаѓач Атхе Мазари (21 год) кој доаѓа од Охрид, а за место во нападот ќе се бори и Благој Истатов, кој доаѓа од Воска.

Во матичниот клуб од 6-месечната позајмица на Братство се вратија и Христијан Поп-Антоски и Давид Дебрешлиоски, кои покрај настапите во кадетскло-младинската Супер лига ќе конкурираат и за сениорскиот тим.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.