Претставата “Жените на Џејк” вечерва премиерно во НУЦК,,Марко Цепенков,, Прилеп

plakat zenite na gejk, mds

Младинско Драмско Студио – Театар “Чин 4 Сцена 5” вечерва 18 април од 20 часот премиерно ќе ја прикаже претставата “Жените на Џејк” по текст на Нил Сајмон, во режија на Борче Василески.

Претставата е психолошка драма која во голема мера го отсликува самиот живот на авторот велат од МДС.

-Се зборува за шест жени кои преку начините на кои му ја искажуваат својата љубов, го излудуваат Џејк – потенцираат младинците , додавајќи дека се работи за урнебесна комедија.

Во претставата играат Борче Василески, Емилија Чавлеска, Деспина Јосифоска, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Евгенија Јакимоска и Викторија Цветаноска.

Костимографија е на Емилија Чавлеска и Ева Тумановска, сценографијата ја изработија Александар Пижов и Александар Цветаноски, додека изборот на музиката е на  Марио Стојаноски и Борче Василески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.