Претседателската палата на Ердоган: 30 пати поголема од Белата куќа, со таен нуклеарен бункер и 1150 соби (ВИДЕО)

Иако првобитната замисла била палатата Аксарај или во превод Бела палата да биде место од каде ќе владее турскиот премиер, веднаш по изборот на Реџеп Тајип Ердоган за претседател, палатата станала негова резиденција.

Издрадена е на на еден рид во предградието на Анкара и е целосно завршена е пред три години.

Аксарај или Белата палата има 1150 соби од кои 25 ги користи самиот Ердоган.

Изградбата чинела 330 милиони долари, но точните трошоци за ентериерот не се познати.

Архитектонскиот изглед на палатата е во автентичен Отомански стил. Аксарај е исто така и голема ликовна галерија, со уметнички дела кои претседателот Ердоган ги добил низ годините.

Во склоп на палатата исто така има голема калиграфска работилница, а покрај тоа во палатата постои и најголемата библиотека во земјата.

Палатата има бункери кои можат да издржат биолошки, хемиски и нуклеарен напад.

Проценката вели дека Аксарај е 30 пати поголема од Белата куќа. Исто така, тоа е најголемата палата која е изградена во последните 100 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.