Саботниот дуел кој се одигра на стадионот “Младост” во Струмица помеѓу Победа и Борец, прилепчани го добија со 2:1 и обезбедија прволигашки статус и догодина.
Натпреварот од трибините го следеше и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талески, кој во Струмица беше присутен со дел од своите сопартијци.
Талески, кој е и претседател на ОО СДСМ Прилеп, несомнено ја покажа својата поддршка кон клубот миленик на прилепчани, чиј опстанок во Првата фудбалска лига значи премногу за љубителите на спортот во Прилеп.
На трибините Победа имаше и огромна поддршка од секогаш верните “Мајмуни” кои во голем број дојдоа да ги поддржат црвено-белите.
Победа прволигашката сезона ја заврши на 8-то место на табелата, при што “плеј-аут” дуелот со Борец од Велес беше неизбежен за прилепчани.
Победа и фудбалерите успеаа да ја зачуваат спортската гордост на Прилеп и одиграа на високо ниво од почетокот до крајот на овој клучен дуел.