Претседателот на САД Доналд Трамп во писмото испратено до претседателот на Косово, Хашим Тачи, вели дека Вашингтон е подготвен да му пружи помош на Тачи во напорите да постигне договор кој би ги исполнувал интересите на Косово и Србија.
Трамп во писмото изразил задоволство од разговорот со Таи на прославата на Денот на мирот во Париз, истакнувајќи дека Косово е клучен партнер на Вашингтон за зачувување на мирот и стабилноста во Европа, пренесува “N1”.
Претседателот на САД ги поздравил напорите на Тачи за помирување со Србија.
“Доколку не се искористи оваа единствена прилика, тоа би било трагичен чекор наназад, имајќи во предвид дека шансата за постигнување на севкупен мир веројатно нема да се повтори за скоро време”, вели Трамп.
“Ве повикувам вас и останатите косовски лидери да ја зграбите оваа единствена прилика, да бидете обединети за време на мировните преговори и да се воздржите од потези кои би го отежнале постигнувањето на договор”, порачува Трамп.
Тој во писмото потсетува и дека САД интервенирале многу во успехот на Косово како независна и суеверена држава.
“Сакаме вашата земја да продолжи да се развива”, додава американскиот претседател.
“Подготвени сме да ви помогнеме во напорите да постигнете договор кој би ги исполнил интересите на Косово и Србија. Таков договор е на дофат. Ќе ми биде драго да ве угостам вас и претседателот Александар Вучиќ во Белата куќа да го прославиме она што би претставувало историски договор”, истакнува Трамп во писмото до Тачи.