Имено, како што пренесува “Газета”, претседателот на државата Мохамед Оулд Абдел Азиз во 63-та минута, при резултат 1:1 наредил да се прекине натпреварот бидејќи му било здодевно.
Тој побарал од судијата мечот да биде решен преку изведување на пенали, а главниот арбитер морал да ја послуша наредбата, по што им објаснил на играчите дека мора и тие да се однесуваат онака како што бара шефот на државата.
По изведувањето на пенали трофејот го освои тимот на Тевраг Зеина.