Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и неговата сопруга г-а Маја Иванова, денеска во Вила Билјана во Охрид, го примија Марко Пејчиноски кој го преплива Охридското езеро.
На средбата со младиот Марко, претседателот Иванов рече дека овој негов херојски подвиг заслужува големо внимание и почит и претставува позитивен пример и мотив за сите млади и талентирани.
12-годишниот Марко во вторникот за 8 ипол часа го преплива Охридското езеро, од Св. Наум до градското пристаниште.
Овој негов подвиг е уште поголем бидејќи пливаше во разбранети и немирни води.
Малиот херој со лавовско срце и одржа лекција на целата нација и ги освои срцата на сите!