Претседателот Иванов не прифаќа решение за името ерга омнес!

За претседателот Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, велат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

-Ставот на Претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека Претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, велат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Оттаму информираат дека претседателот Иванов во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.