ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЗА ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО ВО ГОСТИВАР: Граѓаните срдечно го пречекаа

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска во манастирскиот комплекс во изградба „Преображение Христово“ во Гостивар присуствуваше на црковно-народниот собир по повод христијанскиот празник Преображение на Господ Исус Христос.

Претседателот Иванов на присутните верници им го честиташе големиот христијански празник, со желби за добро здравје, љубов и среќа. Чинот на водовет и прережување на славската погача го изврши тетовско – гостиварскиот митрополит г. Јосиф.

Камен-темелникот на манастирскиот комплекс „Преображение Христово“ е поставен во 2014 година по претходни одобрение за градење од Општина Гостивар и благослов од тетовско – гостиварскиот митрополит г. Јосиф, а на иницијатива на граѓаните на населба Циглана, Гостивар, кои со сопствени донации и средства ја помагаат изградбата на манастирската црква.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.