ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДЕЦИДЕН! Иванов и од Њу Џерси порача дека нема да гласа на референдумот! Македонците го наградија со овации и аплаузи! (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на државата Ѓорге Иванов својот престој во Соединетите Американски Држави, го продолжи во Њу Џерси, каде доцна вечерва по македонско време се обрати пред македонската дијаспора во црквата Св. Кирил и Методиј во малото градче Сидер Гроув.

Иванов уште го потенцираше она што го кажа и пред нашинците во Детроит, а тоа е неговиот став во врска со престојниот референдум на 30-ти септември.

Претседателот порача дека еднаш гласал на референдумот во 1991 година и дека нема намера повторно да гласа.

Неговиот говор беше проследен со овации и аплаузи од присутните.

Тој зборуваше дека не е против Грција и грчкиот народ и дека македонското и грчкото општество треба да научат да живеат заедно така што ќе ги почитуваат меѓусебните разлики.

Претседателот својот говор го заврши со една позната мудрост:

“Toa што го имаме не го чуваме, кога ќе го изгубиме тогаш плачеме. Се на светот се состои во една мисла, сакај го, почитувај го, негувај го тоа што го имаш, оти ако го сакаш тоа што го немаш, ќе го изгубиш и тоа што го имаш”

Целиот говор на Претседателот погледнете го во продолжение:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.