Претрес во Прилеп, уапсен дилер

На 30.10.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(35) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена и одземена грутчеста материја.

Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.