-Денеска (24.10.2024) со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани. При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол.
По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.