Претрес во домот на 64-годишен прилепчанец: Полицијата му пронајде пиштол и муниција

На 12.05.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.Т.(64) од Прилеп. Имено, при извршен претрес на дом и други помошни простории во Прилеп кои ги користи Д.Т. пронајден е пиштол калибар 7.65мм, како и 45 парчиња муниција кал.7.65мм.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.