Претрес во домот на 20-годишник од Прилеп – пронајдена дрога

-На 13.09.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(20) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана.

М.Г. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.