Бујар Османи е уловен на снимка на која се гледа дека за него не важат закони. Станува збор за видео снимка, каде токму тој, вицепремиерот Бујар Османи со службениот автомобил поминува на црвено, а вози и по ,,островот”. Оваа снимка брзо се рашири по социјалните мрежи, пишува порталот press24.mk
Следеа лавина коментари: “Нормално за нив закон не постои”, “Овој е за Формула 1 не за министер”, “Овој ли ќе не води во Европа”, “Вака никогаш нема да не примат во Европа, им завидувам на Американците”…и многу други.
-Кога си со службено возило законите не вaжaт за тебе, пишува Фуркан Салиу кој го сподели видеото.
Извор: press24