Улицата “Јоска Јорданоски” во Прилеп на потегот од фурната “Плетварец” до градскиот базен “Маркови Кули” е во очајна состојба.
Речиси е невозможно да се помине пеш кога времето е врнежливо, па тешко дека човек може да ги промаши сите тие вирови и дупки.
Граѓаните бараат санирање на улицата со нов асфалт, а не по стариот принцип на пополнување на дупките со бекатон плочки.