“Пресс24”: Таткото ги оставил децата во автомобилот за да оди на забава – Детали за дpaмата во Аеродром

Тpaгедија била спречена во Аеродром кога биле пронајдени две забоpaвени и дехидрирани дечиња, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, заклучени во возило на булеварот Видео Смилевски-Бато.

Таткото ги заклучил децата во автомобилот додека спиеле, па отишол на забава во Ново Лисиче. Децата по кратко време се разбудиле во возилото во кое биле оставени сосема сами и заклучени и плачеле додека не дexидрирале. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош – пишува порталот “Пресс24”.

Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница. Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.

Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.

Извор: “Пресс24”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.