Тоа го правите со собирање на броевите од датумот на раѓање на личноста.
Пример:
25.06.1989 година.
Ги собирате сите броеви од датумот на раѓање:
2+5+0+6+1+9+8+9= 40. Ако добиете двоцифрен број, продолжувате со собирање.
Во случајот 4+0 = 4
Решение:
Број 1
Овие личности љубовта ја анализираат рационално, промислено и се потпираат на својот интелект. Тешко е да ги задоволите. Ако од нив очекувате да бидат мирни и „послушни“, сè што ќе добиете е одбивност и агресивност. Со нив морате да бидете внимателни и морате доволно да ги мотивирате, бидејќи често се склони на изневерување, ако врската им стане досадна и монотона.
Број 2
Овие личности се пребирливи. Сакаат практични и интелигентни луѓе покрај себе. Често се водат од материјалното, па знаат да одберат личност која може да им овозможи удобен живот. Со нив речиси е невозможно да влезете во расправија, бидејќи се мирни. Ако искрено сакаат, тие се посветени и пожртвувани.
Број 3
Пред сè сакаат искрено пријателство. Тек тогаш кога ќе можат да се релаксираат во врската се покажуваат во вистинско светло. Нивната љубов се темели на почитување и целосна доверба во партнерот. Сите проблеми сакаат да ги решаваат со отворен и искрен разговор.
Број 4
Овие личности сакаат долги и стабилни врски. Го сакаат бракот и често знаат многу рано да стапат во истиот. Во животот знае да им се случи да одберат погрешен партнер. Во љубовта понекогаш знаат да бидат здодевни и да не се препуштаат на фантазиите. Мирниот живот и стабилниот однос им претставуваат единствени цели и подготвени се на компромиси.
Број 5
Овие личности се во потрага по љубов која ќе им трае целиот живот. Секоја лага длабоко ги повредува и тешко ја забораваат. За нив вистинската смисла на животот е да пронајдат љубов. Кога ја немаат – како да не се живи. Маани во односите им се незрелоста и желбата за слобода.
Број 6
Луѓе кои се склони кон промени. Не се за долготрајна врска и постојано се во потрага по соодветен партнер. Знаат да бидат многу меки и чувствителни, но затоа, секогаш имаат потреба да најдат нешто подобро. Често знаат да остварат длабока и долготрајна врска дури во зрелите години.
Број 7
На овие личности животот им поминува со бројни љубовни врски. Уживаат во авантури и флертување. Многу од нив, во текот на животот, имаат и по неколку бракови. На животот и љубовта им пристапуваат активно, па постојано се во потрага по нови возбудувања. Често им се случува да не забележат разлика меѓу љубовта и страста.
Број 8
На овие личности љубовниот живот им се одвива преку постојана акција, промени и повеќе бракови. Желбата за разновидност, постојано одложување на животните одлуки и сериозните животни прашања ги следи во текот на целиот живот. За некои, вистинската, долготрајна љубов знае да се случи после 40-та година.
Број 9
Овие личности во младоста тежнеат да имаат врски со постари луѓе. Секогаш се наоѓаат на работ на раскрсница, некоја противречност и не можат да се одлучат што да прават. Сакаат необични и ексцентрични луѓе покрај себе. Често се разочаруваат, но многу бргу забораваат и простуваат.