Информацијата дека овогодинешното јубилејно 20-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, се одложува за в година, ја разбранува јавноста. Граѓаните иако поделени во мислењата, сепак најголем дел очекуваа фестивалот да се случи и манифестацијата да го продолжи својот континуитет.
Но, се чини дека има светло на крајот од тунелот, а позитивната вест дека “Пиво Фест” сепак ќе се одржи летово, на својот ФБ профил ја сподели Звонко Димоски, прилепчанец кој низ цела држава е познат како голем борец за македонските права, и човек кој секогаш е во први редови на секој македонски протест против секоја антимакедонска политика.
-Драги мои Македонци! Сакам да ви се извинам лично на сите за претходниот пост дека нема да има пиво фест Прилеп2023… Во моментов добив ветување лично од нашиот градоначалник дека пиво фест ќе има но во месец Август, да ни е здрав и жив. Да живеат Прилеп и Македонија. Амин – напиша тој на својот ФБ профил и објави фотографија со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Оваа информација засега не е официјално потврдена од општинските власти, но Маркукуле дознава дека повеќе информации би можеле да бидат познати веќе наредната недела.