Пресврт: Дали вработен во МВР ја прегази 42-годишната прилепчанка кај “Металец”?

Tрагедија во петокот вечерта го потресе Прилеп, откако автомобил удри во 42-годишната А.Ц. на велосипед кај поранешната фабрика “Металец”.

Од здобиените повреди А.Ц. почина на лице место, возачот според првичните информации го напуштил местото на настанот.

МВР излезе со детали за несреќата и според полицискиот билтен од 10.06., со автомобилот управувал 54-годишниот Р.П. од село Славеј.

-На 09.06.2023 околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп. од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. – напишаа од МВР.

Маркукуле дознава дека дошло до пресврт.

Според неофицијални информации, 54-годишниот Р.П. не управувал со возилото, туку тоа бил Д.П.(26), кој според извори од МВР синоќа го признал делото.

Информациите говорат и дека Д.П. бил вработен како полициски службеник во ОВР Прилеп?

Останува истрагата да докаже што точно се случи на 09.06.2023 во 21:00ч, во близина на “Металец”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.