Децата од Eдукативниот центар “Шампиони” од Прилеп во пресрет на празниците одржаа прекрасна новогодишна приредба. Дека се вистински ШАМПИОНИ по англиски, германски јазик и ликовна уметност знамевме, а сега и сите се уверија дека децата се шампиони и по ГЛУМА, ПЕЕЊЕ, ИГРАЊЕ, РЕЦИТИРАЊЕ…
Народниот театар “Војдан Чернодрински” беше претесен да ги собере сите присутни, а на сцената учество зедоја над 200 учесници. Со оваа приредба и организација ЕДУ “ШАМПИОНИ” го оправда приматот како еден од најдобрите едукативни центри во државата.
-Преку оваа приредба посветена на Новата Година и Божик, кои се совршено време за нови предизвици, промени и успеси, се искажа и огромна БЛАГОДАРНОСТ до наставничката Благица Чатлеска, главниот виновник за успешното осумгодишно постоење на Еду “Шампиони”, до тимот на наставници, родителите, кои овозможуваат децата да го градат овој прекрасен свет на радоста, ги поддржуваат и развиваат нивните таленти, јазични вештини, желби и промени. Сите ние заедно со својата енергија, ведрина, ентузијазам, напорна работа, придонесовме за Еду “Шампиони” да стане она што е денес. Илјадници задоволни ученици и родители низ годините се мотивација да напредуваме, а оваа приредба е показател на на посветеноста и пожртвуваноста на тимот на eдукативниот центар – велат од ЕДУ “ШАМПИОНИ”.
Проследете ги одличните настапи на децата во продолжение:
ФОТО и ВИДЕО: Фан продукција – Зоран Пилоски