Пренесоа насмевки и љубов, а добија прегратки! Дечињата од јазичниот едукативен центар “Дрим Тим Макси” ги воодушевија прилепчани (Фото галерија)

Во чест на денот на вљубените, трета година по ред, дечињата од jазичниот едукативен центар “Дрим Тим Макси” и нивните ментори пренесоа насмевки и љубов низ прилепската чаршија.

Оваа нивна убава традиција наиде на еден куп позитивни реакции и воодушевување кај граѓаните, како кај помладите, така и кај повозрасните.

Дечињата им подарија рачно изработени мотивациски пораки, а од граѓаните добија прегратки и голем број пофалби.

-Можеби и не е наш празник, но ајде да го искористиме и да го споделиме со сите она што не се купува со пари, но го имаме во секој од нас, а тоа е љубовта – велат од “Дрим Тим Макси”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.