Премиерот Ковачевски со поддршка за “Парадата на гордоста” во Скопје: “Секој има право на почит и достоинство”

Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација, порача премиерот Димитар Ковачевски пред денешното одржување на Парадата на гордоста во Скопје или „Skopje Pride“.

-Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.

Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме.

Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен #SkopjePride, напиша Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.