“Премиере иди време на поплави”: Јакимоска ги здрви премиерот и Владата на трибината “Ние сме Европа” (ВИДЕО)

Владеачката партија започна со нов карван, сличен на оној пред неколку години кога се променуваше името на државата. Овојпат карванот им е насловен како “Ние сме Европа”. Ќе одат по сите градови, а започнаа вчера од Скопје. Интересно беше тоа што синоќа пред говорницата, покрај Ковачевски, Маричиќ, Бектеши и амбасадорот на Шпанија, застана и Генералната менаџерка на прилепската компанија “Комфи Ангел”, Ирена Јакимоска.

Пред цела Влада во прв ред, Јакимовска меѓудругото го порача следново:

“Ни “Комфи Ангел” сам, па ни Европа може да ни ја зголеми бројката на БДП, таа ни е 2,4. Така? Таа е реалноста! Да се запрашаме и да бидеме реални пред себе и да се видиме во огледало, дали на Европа и треба земја која што прави 2,4? Не. За да може овој народ да осети дека Европа дошла тука, без 7% БДП… Премиере, единствен начин тоа да го направите, е да изградите мост помеѓу бизнис заедницата, и оние кои што го креирате државниот апарат или законските регулативи. Ако тој мост не го изградиме сега овдека, одма, утре, иди време на поплави. Реката меѓу нас е се поголема и поголема. Во таква Македонија ја сакам да живеам”.

Целото обраќање на Јакимовска на трибината можете да го проследите од 57:43 минута од видеото во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.