Синоќа во Штип во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“, се организираше Егејска семакедонска вечер.
Настанот се одржа по повод денот на ослободувањето на градот Штип во ресторанот “Астибо Плаза”.
На настанот учество зедоа врвни уметници меѓу кои: Илчо јованов, Зоран Џорлев, Горанчо Ангелов-Гајда, Љупчо Стефанов-Цоцо, Иван Димков, КУД „Крушаре-Пазар“-Егејска Македонија, Трајко Димков, Марија Димкова, Васил Чамов, Панче Мусев и Академија Еуроарт.