Тутунарот Крсте Дуковски од Прилеп објави видеа на кои се гледа како непознати лица крадат голема количина на тутун што тој го подготвувал за продажба. Според него, тутунот бил резултат на едногодишен напор и жртвување на неговото семејство.
„Минатата година беше најтешката за мене и мојата фамилија – товар што никој друг не може да го почувствува под мојата кожа. Оваа година вложивме сè: мака, здравје, пари и трпение, со надеж дека трудот и надчовечката жртва ќе го покрие ланскиот непребол.
Ова што го гледате на ВИДЕАТА е кражба на голема количина на тутун. Ова е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина. Решив да ги објавувам видеата не од омраза, туку за да се разбуди свеста и емпатијата и да се охрабри полицијата што побрзо да ги пронајде сторителите“ пишува Дукоски.
Тој упати апел доколку некој некој ги препознае лицата, да пријави во полиција.
























