Текстилната компанија Комфи Ангел од Прилеп на интересен начин успева да ги мотивира своите работници. Од минатиот месец во компанијата еднаш месечно се одржува лотарија, преку која се наградува по еден работник со значителна сума на пари.
Притоа во лотаријата партиципираат сите вработени во компанијата. Ова е уникатен начин на комуникација со вработените, кој ретко каде го има во другите компании.
Секоја чест до менаџерскиот тим на Комфи Ангел, со ова по којзнае кој пат докажуваат дека оваа компанија во многу се разликува од другите текстилни компании.
А.Г.