Анкетата која ја спроведе Општина Битола, со цел директно вклучување на граѓаните на општина Битола во реализација на приоритетите, беше одговорена од страна на 901 граѓанин. Анкетата со наслов „Што ви е најважно?“, која беше отворена до 28 февруари, понуди можност за избор помеѓу проекти за кои општината има изготвено проектна документација, од областа на патната и подземната инфраструктура, изградба на спортските објекти, игралишта, спортски сали и паркинг простори. За секој граѓанин беше дадена можност да даде и свои предлог проекти за кои смета дека приоритетно треба да се реализираат во Битола.
Од добиените одговори, во врска со проектите за кои општината е подготвена со документација и може да отпочне постапки за реализација, вклучувајќи и обезбедување на финансиска поддршка од други институции, граѓаните на врвот на приоритетите ги ставија следните 5 проекти:
-Изградба на паркинг простор кај Селската Автобуска
-Реконструкција на спортски игралишта во училишта
-Изградба на паркинг простор кај м.в Хеликоптер
-Изградба на објект на Терариум во Зоолошката градина
-Изградба на кружен тек помеѓу улиците Македонска Фаланга и Македонски Гемиџии (кај Автобуска станица)
Сепак, граѓаните соодветно ги вреднуваа и останатите проекти, нагласувајќи во коментар, дека инфраструктурата и спортските терени, мора да бидат меѓу главните проекти во општината.
Официјалните резултати од направената анализа ги објавуваме како фотографии во прилог на овој текст. Согласно добиените податоци, општината ќе ја одреди динамиката на реализација на проектите, а ќе бидат селектирани и проектите со кои локалната самоуправа ќе аплицира на повикот за финансиска поддршка од Владата за општините.
Во врска со дадените предлози за реализација на нови проекти, градоначалникот и општинската администрација во следните денови ќе извршат детална анализа на можностите и условите за реализација и истите ќе бидат објавени со соодветно образложение и ориентациона временска рамка за реализација.