ПРЕКРАСНО! Шпански дечиња ви порачуваат: “Македонија те сакаме” (ВИДЕО)

Женската ракометна репрезентација на Македонија во овие моменти игра на полуфиналето од Медитеранските игри во Шпанија.

Токму против домаќинот, нашите ракометарки се борат за едно од местата кои носат медал на ова натпреварување. Шпанките на полувремето водат со 17:12.

Македонија до полуфиналето стигна преку три победи над Египет, Турција и Србија, а загуби од Црна Гора.

Македонската репрезентативка Драгана Петковска на својот фејсбук профил објави видео од мали дечиња како навиваат за Македонија на шпански, кое целосно ќе ве освои.

Слатките момчиња навиваат со целиот глас „Македонија те сакам“ или на шпански „Makedonija yo te quierooo”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.