Прекрасно: Храмот кој е гордост на прилепчани блескаше од убавина за денешниот празник (Фото)

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

Храмот Св. Благовештение (Стара црква) во Прилеп, утрово беше прекрасно украсен во духот на големиот празник.

Од прилепското архиерејско намесништво се потрудиле на вистински начин да го доближат овој светол ден до верниците.

Синоќа пак во пресрет на празникот, во храмот Св. Преображение, кој се наоѓа веднаш до Стара црква, празнична Вечерна Богослужба отслужи Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

А литургија се одржа и денеска

Значење на празникот Св. Преображение:

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мpтBa ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болka во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.